NOVUS – USA е американска компанија за поправка на оштетени ветробрански стакла и светски лидер во патентирани изуми за поправка на предни ветробрански стакла. Ја основал др Френк Вернер во 1972 година, кој го патентирал својот изум за време на истражувањето со колегата, хемискиот инженер Бил Виеле, формирајќи го NOVUS во Минесота – Америка.
NOVUS - Македонија е основан во Скопје во 1989 година и е лидер во автомобилскиот сектор, со главен фокус на сервис и поправка на возила, како и продажба и вградување на дополнителна автомобилска опрема.
NOVUS има свој сервисен објект со површина од 2.500 м²: административна зграда; деловен простор за поправка и сервисирање на возила од 1.200 м²; (бесплатен) паркинг простор од 1.300 м².
Уште во 1989 година, NOVUS ги постави своите темели со поправка на оштетени предни ветробрански стакла, користејќи ја оригиналната NOVUS-американска технологија, чии претставници сме и денес; како и замена на стакла на возила, користејќи лепила од високо реномирани компании како што се: DOW и Teroson кои припаѓаат на конгломератите DOW Automotive и Henkel AG&Co.
Денес, благодарение на нашето долгогодишно искуство, професионализам, посветеност и ефикасност, NOVUS има голем број лојални купувачи и партнери, не само во Македонија, туку во целиот регион и пошироко.
Соработуваме со водечките светски брендови: Alpine, Pioneer Clarion, Sony, Calearo, Cobra, Valeo за аудио опрема, аларми, паркинг сензори и дополнителна козметика. За авто стакла работиме со лидерите во овој сектор: AGC, GUARDIAN, SECURIT SAINT GOBAIN, NORDGLASS, PILKINGTON. Најквалитетна климатска фолија за згради и возила од ASWF - Америка и HAVERKAMP - Германија.
NOVUS исто така врши поправки на каросерија и боење на возила. Сервисот има своја машина за извлекување на оштетени возила од шведскиот производител CAR-O-TRONIC и AUTOROBOT од Финска, комора за боење од италијанскиот производител Termomeccanica, машина за заварување и точкасто заварување FAN multi-worker и PROTON E од Австрија.
Меѓу другото, имаме одлична оценка и соработка со сите осигурителни компании во Македонија.
Главните фактори на нашиот досегашен успех се: постојано ажурирање со најновите светски трендови; работа само со квалитетни машини, алати и дијагностичка опрема за автомобили и постојана инвестиција во нашите вработени со едукативни и практични тренинзи организирани од страна на производителите со кои работиме.
Нашето искуство и професионалната услуга што ја пружаме на нашите клиенти ја изградија нашата добра репутација, која гарантира успех во нашата работа.